Ракометарите на Охрид славеа на домашен терен над Пролет со резултат , триумф со кој тимот на Стевче Алушовски го осигура пласманот во Топ 4 кој значи и пласман во ракометна Европа за наредната сезона. Охриѓани составија амбициозна екипа, веќе работат на засилувања за новата сезона, а пласманот во европските купови ќе биде само мотив плус за уште поголем напредок на „сино-белите“.
Денешниот меч беше решен уште во првото полувреме што домашниот состав го доби со 16-10. Пролет парираше само до 5-4, по што Охрид успеа да се одлепи, да поведе со 11-6, а потоа дополнително да ја зголеми предноста и на одмор да замине со „плус шест“. Гостите заиграа далеку подобро на стартот од второто полувреме, изненадувајќи ги охриѓани и намалувајќи на само два гола разлика (22-20).
Охриѓани се разбудија во вистински момент, со серија од 4-0 се вратија на „плус шест“, по што рутински го приведоа мечот до крај.
Цисар со седум и Орјоникидзе со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот состав, додека кај Пролет четири ракометари постигнаа по четири гола, и тоа Андоновски, Стојановски, Палевски и Арсеновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА