Ракометарите на Охрид стигнаа до голема победа на домашен терен над Бутел од 26-25 во натпревар од 18. коло во Суперлигата на Македонија.
Домаќините подобро го отворија мечот поведувајќи со два гола разлика 4-2. Сепак до крајот на првиот дел гостите од скопската населба одиграа далеку подобро и на пауза заминаа со предност од 11-12.
Во вториот дел целото полувреме течеше во егал игра на двете страни. Гостите имаа гол предност се до финишот, кога домаќините со поддршка од трибините во „Билјанини извори“ успеаја да го скршат отпорот на бутелчани и да стигнат до конечен триумф од 26-25.
Мице Шилегов со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Мирко Мајиќ заврши со седум. Со овој триумф охриѓани се израмнија на шестата позиција која е последна што води во плеј-офот со Тинекс Пролет со по 28 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА