„Охрид трчаТ 2020“ доби нов датум, 28 – 30. август

Драги тркачи и пријатели,

Како што најавивме порано, официјално ве известуваме дека поради општо познатите причини (КОВИД-19) го одложуваме Охрид трчаТ 2020 и го презакажуваме за последниот викенд од Август, 28-30 2020 година. ?‍♀️?‍♂️?‍♀️

???Во овој момент и со ваква ситуација, одлуката за избор на нов датум воопшто не беше лесна, размислувавме за вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можевме, така што искрено се надеваме дека успеавме да ви понудиме опција што е прифатлива за вас. ???

?‍♀️?‍♂️?‍♀️Што се однесува до сите наши регистрирани тркачи до сега, во следните 24 часа ќе им испратиме е-пошта со информации за опциите што ги подготвивме за нив.???

Чувајте се и се надеваме дека ќе се видиме на трката во август ❗️

???Напомена :
Земете костим за капење, оваа година имате гратис капење од нас ???

Вашиот тим
Охрид трчаТ

Се вчитува...