И третото издание на „Охрид трчаТ“ без сомнение ќе понуди извонреден атлетски викенд од 31. мај до 2. јуни во нашиот најголем туристички центар. Повеќе од доволен доказ за тоа е веќе надминатата бројка од 1.000 пријавени.
На една недела пред крајниот рок за пријавување, „Охрид трчаТ 2019“ има повеќе од 1.000 пријавени за двете маратонски трки на 5 и на 10 километри. Сето тоа значи надминување на минатогодишната рекордна бројка.
Уште шест дена, до 26. мај, остануваат како можност за пријавување на охридскиот атлетски викенд. Пријавувањето е на официјалната интернет страница, www.ohridtrcat.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА