Охрид убедлив против Тиквеш на стартот на новата сезона во ракометната Суперлига

Ракометарите на Охрид стигнаа до убедлив триумф на домашен терен над Тиквеш од 29-24. во премиерниот натпревар од новата сезона во Суперлигата. Колото кое од четвртокот беше одложено за денеска поради големата трагедија која се случи во Тетово во која животот го загубија 14 лица, домаќините го отворија одлично и на полувреме заминаа со предност од 13-9.

Во вториот дел успеаја да го исконтролираат резултатот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 29-24. Алекса Милошевиќ со пет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените со ист број голови заврши Стефан Трпчевски.

Стефан Додиќ денеска дебитираше за Охрид и покрај жалбата на Металург дека српскиот бек се уште е член на клубот од Автокоманда.

Се вчитува...