Охрид лесно и убедливо славеше на „езерското дерби“ против Струга со 31-16, потврдувајќи ја огромната разлика во квалитет меѓу двата суперлигаши од овој регион. Мечот беше израмнет само во првите десетина минути, кога домашниот состав имаше минимална предност од 6-5. Избраниците на Раде Стојановиќ потоа заиграа далеку подобро во одбраната, постигнаа лесни голови на спротивната страна и на одмор заминаа со водство од 18-9.
Победникот беше решен, но охриѓани не престанаа со доминацијата на теренот, зголемувајќи ја предноста се до конечните „плус 15“. Дури 11 различни ракометари се запишаа меѓу стрелците за победничкиот тим, а најефикасен беше Денис Тот со осум погодоци. Прв стрелец на Струга при денешниот пораз беше Крстаноски со четири погодоци.
Бутел ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Прилеп, триумфирајќи со убедливи 19-29. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме што гостите го добија со 9-16, а најефикасен во таборот на Бутел беше Мајиќ со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА