Охрид го претрпе и 15. пораз во Втората АБА – лигата сезонава, овој пат убедливо загуби од Рогашка со резултат од 102-76. Кошаркарите на Петар Чочороски и во втората пресметка беа немоќни против словенечкиот прволигаш, шансите за триумф беа минимални со оглед на тоа дека домаќините рано остварија двоцифрена предност.
Охриѓани пружија минимален отпор пред полувремето, но тоа воопшто не беше доволно да се стигне до било каков позитивен исход. Рогашка го збрза ритамот кон завршницата и обезбеди сигурна победа преминувајќи ја границата од 100 поени.
Пајјиќ и Ѓурановиќ беа најефикасните кошаркари за домашниот состав со постигнати 19, односно 17 поени. Јунаковиќ како најсветла точка за Охрид постигна високи 25 поени, Зимиќ заврши со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА