Кожув прокнижи значајни бодови во борбата за место во Супер-лигата откако тимот од Гевгелија вечерва на гостински терен го совлада Охрид со резултат 60-74. Како пресудна се покажа последната четвртина во која избраниците на тренерот Јончевски одиграа одлично во одбраната, стигнувајќи до двоцифрена предноста што потоа ја претворија во важна победа.
Првото полувреме донесе максимално израмнета игра, па ниту една од екипите немаше предност при заминувањето на одмор (34-34). Охрид имаше водство од 50-47 на три минути пред крајот на третата четвртина, но Кожув го заврши овој дел од мечот со водство од 52-56, како увертира за фанатичната одбрана во последниот период. Охриѓани во првите седум минути од четвртата четвртина постигнаа само три поени, сосема доволен простор за гостите од Гевгелија да си обезбедат удобна предност и заслужен триумф.
Странците беа во главна улога во нападот, Вилијамс постигна 20, а Кесар 14 поени за Кожув, додека најдобри стрелци во таборот на Охрид при денешниот пораз беа Дрекаловиќ и Младеновиќ со по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА