Почнувајќи од 15 Септември, Охридска банка АД Скопје воведува дополнителни промотивни услови на своите производи.
Имено, станбениот кредит, кеш кредитот, како и хипотекарниот кредит кои ги нуди банката, сè до 31 Декември 2019 година, клиентите може да ги добијат со унапредени промотивни услови кои им овозможуваат олеснувања при купување на нов стан, или куќа, како и олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот и хипотекарниот кредит.
Промотивно, до 31 декември 2019 г., станбениот кредит „5+“ ќе биде достапен за сите клиенти без нотарски трошоци и без административен трошок, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.
Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од административните трошоци за кредити со вклучено кредитно животно осигурување. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата на кредитот, а во промотивниот период за апликациите поднесени до 31 Декември 2019 година, каматната стапка започнува од 5,1%. За предвремена отплата на кредитот нема провизија.
Така на пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 95 месеци со моделот (1+7), во првите дванаесет месеци каматната стапка изнесува 5,1%, а следствено на тоа ратата изнесува 7.937 денари, а од тринаесеттиот до девеесет и петиот месец, ратата од кредитот изнесува 8.653 денари, за кредити со вклучено кредитно животно осигурување.
Кеш хипотекарниот кредит од Охридска банка ви овозможува да ги спакувате сите свои обврски и рати во еден кредит во вкупен износ до 50.000 евра со рок на отплата до 20 години и да плаќате една месечна рата со поволни услови. До крајот на годината овој кредит на клиентите ќе им биде достапен со фиксна каматна стапка од 4,5% за првите три години и без административен трошок за кредити со вклучено кредитно жвотно осигурување.
Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на своите клиенти да аплицираат онлајн за било кој производ за кој се заинтересирани. Во своето портфолио Банката постојано воведува нови можности и унапредени услови за своите произоди со цел создавање на конкурентна понуда која ќе биде едноставна, лесно достапна и прилагодена на потребите на клиентите. Водејќи се од начелата за иновативност, посветеност и одговорност, Банката секоја година во континуитет е препознаена како најдобра банка во Македонија од значајни меѓународни банкарски авторитети.
Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на новата веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА