Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година е главен спонзор и поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид. Веќе низа години, Охридска банка Сосиете Женерал е една од најголемите поддржувачи на оваа манифестација која нуди врвна и уникатна уметничка програма и ги издигнува културните вредности на едно повисоко ниво и нуди програма која изобилнува со врвна уметност.
Охридско лето, за Охридска Банка е многу повеќе од традиција. Во оваа манифестација Банката гледа можност за развој на клултурата и уметноста од една страна, како и можност за уникатно уметничко уживање на посетителите и надоградба на културните вредности кои се негуваат во градот Охрид. Во рамки на своето општествено-одговорно делување,освен поддршка на 58. манифестација Охридско лето, Банката беше насочена и кон многу друго проекти од областа на културата и уметноста.
Повеќе информации за Охридска банка Сосиете Женерал можат да се најдат на веб страницата www.ohridskabanka.mk, Контакт центар 02 15 050, или во мрежата експозитури на Банката низ државата.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА