Охридска банка Сосиете Женерал воведува дополнителни промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и кеш кредитот „Лесен кеш кредит“ со кои им овозможува на своите клиенти дополнителни олеснувања при купување на нов стан, или куќа, како и да олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот.
Промотивно, до 31 декември, 2018 г., станбениот кредит „3+2“ е достапен за сите клиенти без нотарски трошоци, без административен трошок и без трошок за апликација, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија. Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од трошоците за апликација и административните трошоци.Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата на кредитот, а во промотивниот период за апликациите поднесени до 31 Декември 2018 година, каматната стапка започнува од 5,5%. За предвремена отплата на кредитот нема провизија. На пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 8 години со моделот (2+6), во првите две години каматната стапка изнесува 5,5%, а следствено на тоа ратата изнесува 8.053 денари, а од третата до осмата година, ратата од кредитот изнесува 8.688 денари, за кредити со вклучено кредитно животно осигурување. Охридска банка Сосиете Женерал со постојан труд и атрактивни пазарни понуди, обезбедува финансиски услуги кои на клиентите им овозможуваат напредно искуство, и квалитетни услуги кои совршено одговараат на нивните специфични потреби.
Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА