По цели 28 години, откако беше реобновен во 1992 година, една од најголемите домашни спортски манифестации, Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Како што информираат од Пливачката федерација, поради пандемијата на коронавирусот, ФИНА одлучила да ја откаже за оваа година целокупната светска серија во маратонско пливање.
„Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ), како активен член на Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата Држава, Ви соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020г, (Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25км, и олимписка дисциплина 10км) НЕМА да се пдржат, поради светска пандемија (Ковид-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020г во светот, почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација- СЗО за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика“ – информираат од Пливачката федерација, притоа дополнувајќи:
„ПФСМ и ФИНА посакуваат пред се, многу здравје на сите спортисти и спортски работници, професипнална работа за што поскоро да уживаме на нови официјални пливачки натпревари. Воедно Ве информираме дека за 2021г, ПФСМ, Охрид и нашата држава, согласно одлука од ФИНА ќе бидат домаќини покрај на овие два пливачки маратони (25км – 21.08.2021г, и 10км- 28.08.2021г) од ФИНА- светска серија, и на повеќе реномирани официјални пливачки натпревари во пливање и далечинско пливање, со единствена цел Охрид да прерасне во еден од три светски центри за пливање и далечинско пливање“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА