Охриѓанецот ќе го покани Леброн во Абу Дабу: Зошто да не?

Ѕвездата на Панатинаикос, Чеди Осман кој е роден во Охрид, но настапува за репрезентацијата на Турција имаше значајна улога во „мајсторката“ на четвртфиналната серија против Ефес носејќи му шанса на својот тим да го одбрани трофејот во Евролигата на „Фајнл-фор“ турнирот кој оваа година ќе се одржи во Абу Даби.

Од медиумите доби интересно прашање, дали ќе го покани својот поранешен соиграч од Кливленд, легендарниот Леброн Џејмс да присуствуваа на завршницата на сезоната.

„Не знам за Брон, не сум зборел со него, но кој знае? Можеби ќе му пратам порака па ако има слободно време може да дојде на неколку дена. Зошто да не?“, изјави Осман.

На претходниот Ф4 турнир кој се одржа во Берлин присутни беа Јанис Адетокумпо и Скоти Пипен. Плеј-оф серијата во 2022 година пак во живо од „Мир и пријателство“ ја проследи Кевин Дурент.

Се вчитува...