Охриѓанецот Осман е нов кошаркар на Панатинаикос

Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, објави дека турскиот интернационалец роден во Охрид Џеди Осман ќе биде новото засилување на атинските „зелени“.

Се уште не се познати деталите од договорот на крилниот напаѓач и бранителот на титулата во Евролигата, а 201 центиметар високиот Осман на 72 одиграни натпревари за Сан Антонио Спарс во просек бележеше 6,8 поени, 2,5 скока и 1,7 асистенции.

Ова ќе биде првпат 29-годишниот охриѓанец да игра во Европа по 2017 година, кога од Ефес замина во Кливленд Кавалирс, чии бои ги бранеше до минатата сезона. Да останеше на Босфорот уште една година, ќе соработуваше со Ергин Атаман, кој ќе му биде тренер сезонава во Атина. Атаман со Ефес освои две титули во Евролигата, а на крајот на мај во Берлин со Панатинаикос додаде и трет трофеј во своето резиме.

Се вчитува...