Ракометарите на Еурофарм Пелистер запишаа сосема заслужена победа на секогаш жешкото гостување против Охрид во Суперлигата, триумфирајќи со 20-24.
Охриѓани успешно парии околу 40 минути на фаворитот, одржувајќи израмнет резултат или минимална негатива се до 12-13. Но, потоа следеше целосна доминација на битолчани во финишот за конечен триумф.
Домашните беа целосно „скршени“ во 47. минута кога Еурофар Пелистер дојде до предност од 14-17. До крајот само рутински се одржуваше предност за конечна победа од четири гола.
Периќ со пет гола беше најдобар кај гостите а Чаневски запиша осум одбрани. Кај Охрид шест гола гола постигна Манасков, а со пет заврши Денис Тот. За охриѓани ова беше и третиот пораз во плеј-оф разигрувањето од Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА