Охриѓани го „здробија“ азербејџански Баки со неверојатни +33 гола во ЕХФ Европскиот куп!

Охрид веќе е пласиран во 3. коло на ЕХФ Европскиот куп, откако во првиот натпревар од втората рунда натпревари славеа неверојатно висока победа со предност од +33 гола разлика, од 44-11.

Првото полувреме на мечот заврши со предност на охриѓани од 24-7, по што беше сосема јасно кој е кој на дуелот. Во вториот дел во ист стил Охрид дојде до рутински победа од 44-11.

Па, реванш пресметката ќе биде само формалност за пласман на Охрид во третата рунда натпревари во ЕХФ Купот кој минатата година го освои екипата на Алкалоид.

Се вчитува...