Охриѓани имаа само полесен тренинг против Прилеп

Ракометарите на Охрид забележаа лесна убедлива победа од 28-17 против Прилеп на стартот од вториот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија.

Охриѓани од самиот почеток наметнаа ритам за победа, добивајќи го првото полувреме со 14-11.

Во второто полувреме продолжија уште поубедливо и за лесна конечна победа.

Гоце Ојлески беше најефикасен кај Охрид со осум гола од девет обиди, а Стрмљан заврши со четири погодоци. Најновото засилување Вуко Борозан постигна два гола, колку и Јагуриноски, Петриќ и Ќосевски. Кај гостите Томислав Квастек заврши со пет гола.

Охрид, барем привремено, сега се проби на второто место на табелата со 31 бода, зад Вардар кој е со 34 бода и натпревар помалку.

Се вчитува...