Охрид прокнижи нови бодови во суперлигашката таела откако избраниците на Стевче Алушовски рутински го добија денешниот дуел со Скопје со резултат 41-25. Скопјани важеа за домаќини, натпреварот сепак се одигра во „Билјанини извори“ во Охрид, каде фаворитот немаше проблем да ја оправда ваквата улога на мечот.
Охриѓани од самиот старт имаа предност, контролирајќи го резултатот и не дозволувајќи победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање. На половина од полувремето Охрид водеше со 6-10, на одмор замина со уште поубедливи 13-19, за во вториот дел фаворитот да стигне и до двоцифрена предност, на крајот славејќи со убедливи „плус 16“.
Цицар со осум и Андоноски и Шипинкоски со по пет погодоци беа најефикасни во таборот на Охрид, додека кај Скопје први стрелци беа Митиќ и Мишевски со по шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА