Ракометарите на Охрид максимално мотивирани го очекуваат стартот на сезоната во Супер-лигата и премиерниот натпревар, утре во Скопје против новиот суперлигаш КЛ7.
„Јас, сите во клубот а верувам и преостанатите ракометари во Македонија го очекувавме овој момент кога ќе почнеме да се подготвуваме за официјален натпревар. Дебитантот Голден Арт КЛ7 ни е прв ривал со кој ќе се соочиме во новата сезона. Премногу не знаеме за противникот, но сигурно и тие ќе бидат мотивирани како нас да одиграат одличен натпревар и добро го отворат првенството. Во принцип тренерот одлучува кој ќе го започне натпреварот, но имаме и слобода во договор со Никола да одлучиме кој е во подобра форма или состојба. Меѓусебно многу си помагаме, а се надевам дека ќе исполниме очекувањата и повторно ќе бидеме една од подобрите алки во екипата“, изјави голманот Јагош Брауновиќ.
Спортскиот директор Горан Недески говореше за промените во раководниот и во играчкиот кадар, но и најави атак на првото место во групата, во која е наоѓаат и Пролет, КЛ7, Радовиш, Јуниор КВ, Струга, КЛ7 и Астраион.
„Во однос на играчкиот кадар претрпевме многу мали измени во однос на минатата сезона. Дел од Охрид повеќе не се Кристијан Анастасовски и Лексо Цицелишвили, а дојде Игор Чагаљ. Организациски добивме нов претседател Виктор Мизо, откако Димитар Василески поднесе оставка после завршување на сезоната и поништување на резултатите. Охрид како клуб ќе атакува на првата позиција во групата А, а потоа ќе следува пауза во која сите заедно ќе седнеме и ќе разговараме околу планоците и целите“, истакна Недески на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА