Охриѓани поразени од Олимпијакос на стартот од турнирот „Крсте Андоновски“

Домаќинот Охрид не успеа триумфално да почне со настап на турнирот „Крсте Андоновски“, откако охриѓани во во мечот во салата „Билјанини извори“ беа поразени од грчкиот гигант Олимпијакос со 31-34.

Гостите од Грција доминантно го почнаа натпреварот, поведувајќи со 6-1 и со 7-2, но Алушовски успеа да ги разбуди своите ракометари, охриѓани заиграа далеку подобро и набрзина намалија на 7-6. Олимпијакос повторно накратко се одлепи, но Охрид имаше рецепт за камбек и на одмор се замина со предност на грчкиот тим од два гола разлика (15-17).

„Црвено-белите“ го контролираа темпото на мечот, во неколку наврати од вториот дел успевајќи да се одлепат, најпрвин на „плус четири“, нешто подоцна и на „плус шест“ (25-19). Охрид подобро го финишираа мечот, намалија на три гола, но немаа сили за целосен камбек, губејќи го овој натпревар со конечните 31-34.

Гоце Ојлески беше прв стрелец на Охрид со пет погодоци, пред Тасевски, Бојаниќ и Цирар со по четири постигнати гола.

Се вчитува...