Охриѓани со „стотка“ се враќаат од Чачак

Кошаркарите на Охрид претрпеа убедлив пораз во првиот натпревар во 2018 . На гостувањето во Чачак, охриѓани загубија од Борац со 100-71, во натпореварот од втората АБА лига.

За македонскиот претставник ова е 11.пораз во 12 одиграни натпревари во ова натпреварување.

Кенет Рос беше најефикасен во составот на Охрид со 22 поени и пет скока, а Мартин Јунаковиќ додаде 14 поени.

Во следниот натпревар од втората АБА-лига, Охрид на 10 јануари го пречекува Ловќен.

Се вчитува...