Вардар го пречекува Охрид денеска од 18 часот во „Јане Сандански“ во 3. коло ракометниот плејоф во Суперлигата на Македонија.
Охриѓани оптимистички го очекуваат натпреварот верувајќи дека може да го изненадат фаворитот. Во таборот на Охрид веруваат дека нијанси ќе го одлучуваат победникот, а Вардар е добро снимен па ќе може да се надигруваат со „црвено-црните“.
„Знаеме дека не чека тежок натпревар против Вардар кој е голем фаворит, но ние сме подготвени. Имаме и неколку повредени играчи, но тоа нема да не спречи да го дадеме најдоброто од себе“ – вели Теимураз Орјоникидѕе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА