Охриѓанка освои 11.108.609 денари со СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Првпат во животот пробала да игра на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија и стана добитничка на фрапантни 11.108.609 денари од СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ.

Првата жена СУПЕР МИЛИОНЕР ја имавме во предвечерјето на Нова година, а сега ја добивме и втората. Доаѓа од Охрид и некој да ѝ кажувал дека во петокот, на 1 април ќе станела сопственик на преку 11 милиони денари, стопроцентно ќе мислела дека е првоаприлска шега. Меѓутоа ниту е шега, ниту е сон, туку една прекрасна приказна, која може да охрабри секого да си закаже состанок со среќата.

„Појадувавме во петокот и сопругот и ме убедуваше да одиграм. Вели може јас ќе имам среќа, фондот за СУПЕР МИЛИОНЕР бил полн. Јас му велам што може да се случи, зарем јас ќе го освојам, па јас сум родена на 13-ти јануари.“, вели Л. Н која уште се привикнува да го прифати фактот дека ја освои најпосакуваната добивка во Македонија. Сè се случило многу брзо.

„Само што почнав, се појави ваучерот за некаква добивка. Јас не ни сфатив за што се работи, мислев сум добила 11 илјади денари. Почнав и да си правам план како да ги трошам. Меѓутоа вработениот целиот возбуден дојде и ми објасни дека сум ја освоила најголемата добивка“, раскажува Л. Н.

Не за 11 илјади туку за точно 11.108.609 денари нејзините желби се поблиску до остварување. Со сопругот си зацртале дека со СУПЕР МИЛИОНЕРОТ ќе го решат станбеното прашање пред сè, а ќе останат пари и за нешто друго.

Ова е шестиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во 2022 година, а добрата вест е дека нè чекаат уште многу до нејзиниот крај. Чудата се можни само ако верувате во нив!

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно  #Vlt #Милионер џекпот #СУПЕРМИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Комерцијален текст

Се вчитува...