ОИ: На трибини ќе може да биде присутна само вакцинирана публика, ќе биде уважен и негативен ПЦР-тест

Само навивачите кои имаат примано вакцина или ќе прикажат негативен ПЦР-тест за коронавирус, ќе можат да влезат во арените за време на Олимписките игри во Токио. Засега единствено што е сигурно е дека навивачите од странство нема да можат да доаѓаат поради лошата епидемиска состојба во Јапонија.

Јапонските медиуми пренесуваат дека ќе биде дозволено присуство на публика, иако сè уште не е решено од лекарската комора дали воопшто ќе има публика на трибините.

Навивањата ќе бидат забранети на трибините, присутните нема да смеат да јадат и да пијат, а сите ќе мора да носат заштитни маски. Кој ќе ги прекрши овие мерки, веднаш ќе биде отстранет од трибините.

Најновите истражувања на ниво на Јапонија покажуваат дека 62 проценти од населението е против одржување на Игрите, додека 34 проценти од нив сакаат најголемиот светски спортски фестивал да се одржи од 23 јули до 8 август оваа година.

Се вчитува...