Микел Ојарзабал е шпанскиот херој кој ја „сруши“ Англија во големото финале на Европското првенство кое се одржа во Германија откако ја затресе мрежата 86. минута за конечниот резултат 2-1. Шпанија со слави Ојарзабал, но во исто време тој е предавник во родниот град Елорио.
Елорио е мал град во баскискиот дел од Шпанија со седум илјади жители каде до ден денеска живее и неговата мајка, но таа не смее да излезе од својот дом поради тоа што нејзиниот син е означен како „предавник“ од страна на сепаратистите.
На една зграда во градот по Европското првенство одекна транспарент кој ги таргетираше Микел Ојарзабал и Микел Мерино поради тоа што ја предале Баскија и настапуваат за репрезентацијата на Шпанија.
Интересно, Ојарзабал и Мерино не се единствените фудбалери родени на баскиската територија кои настапуваат за шпанската репрезентација. Баскија ова лето како претставници во шпанските редови ги имаше и Унаи Симон, Даниел Вивиан, Мартин Зубименти и Нико Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА