Ојарзабал не отпатува со Шпанците во Португалија поради антитела на Covid-19

Шпанскиот репрезентативец Микел Ојарзабал не доби дозвола да отпатува со селекцијата на Шпанија на вечерашниот пријателски натпревар против Португалија во Лисабон. Тој на последното тестирање покажал зголемено присуство на антитела на Covid-19 во организмот. Поради тоа, по консултација и со УЕФА одлучено е Микел Ојарзабал да остане во базата и да не патува за Лисабон

На Ојарзабал во наредните денови ќе му бидат направени дополнителни тестови и доколку биде негативен најверојатно ќе добие дозвола за настап на наредните мечеви на Шпанија од Лигата на нации.

 

Се вчитува...