Ојлески: Атмосферата беше феноменална, оставивме срце на терен и заслужено победивме

Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до голема победа на домашен терен против Вардар со 26-23 и со тоа по пауза од 18 години ја вратија титулата во Битола.

По натпреварот капитенот на битолчани, Гоце Ојлески вели дека заслужено стигнале до победата на овој меч.

„Честитки за моите соиграчи за победата. Публиката беше феноменална, оставивме срце на терен и дадовме максимум и мислам дека стигнавме до заслужена победа“, изјави Ојлески. 

Се вчитува...