ЕКИПА во Букурешт,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари се подготвени за денешниот реванш-дуел со Романија, на кој треба да се стави печат на оние „плус осум“ од Скопје и да се обезбеди пласман во втората квалификациска рунда за СП 2023.
Гоце Ојлески како еден од најискусните во нашиот табор е свесен дека ќе мора да се одигра максимално ангажирано во текот на сите 60 минути бидејќи секое опуштање може да биде безмилосно казнето од противникот.
„Пристапот треба да е сериозен без разлика на тие осум разлика во Скопје. Мислам дека ќе биде тешко, Романците ќе направат сè за да го стигнат тој резултат и не треба да се опуштиме и треба да пристапиме сериозно. Имаме квалитет, имаме искусни ракометари и тоа го покажавме во четвртокот. Во склоп со младите сили, кои треба да помогнат и да ги наследат искусните ракометари, мислам дека сме на добар пат да обезбедиме продолжување на континуитетот на големите натпреварувања. Физички Романија е доста спремна, тоа е нивниот адут. Во романското првенство сите екипи се физички доста спремни, играат добар ракомет, имаат добар селектор и тој склоп им носи напредок во играта на репрезентацијата“, истакна Ојлески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА