Ојлески пред Ф4-завршницата во Купот на Македонија: „Пелистер е фаворит за трофејот, но ќе се обидеме да изненадиме!“

Утре во Охрид стартува Фајнлфор турнирот од Купот на Македонија на која Алкалоид ќе го брани трофејот освоен минатата година.

Алкалоид во првото полуфинале (31 мај, 17 часот) ќе се соочи со Вардар 1961, додека во втората полуфинална пресметка, домаќинот РК Охрид игра со Е. Пелистер утре (31 мај) со почеток од 19:30 часот.

„Задовони сме што сме дел од овој Ф4 Куп на Македонија. Мислам дека секој има свои шанси. Нас ни се падна екипата на Пелистер во полуфинале, со кои сме играле неколку пати оваа година. Ако ни се пружи некоја шанса ќе сакаме да ја искористиме. Но, тие се сепак фаворити за освојување на Купот. Играме на домашен терен во Охрид и упатувам повик до сите охраѓани да дојдат и да уживаат“ – вели ракометарот на ГРК Охрид, Гоце Ојлески пред стартот на Ф4-завршницата од Купот на Македонија.

Финалето од Купот на Македонија е закажано за в недела (1 јуни) со почеток од 17:30 часот во салата на СЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Се вчитува...