Македонскиот претставник во одбојкарскиот Челинџ куп, ОК Штип загуби против големиот фаворит Милано на домашен терен со 3-0, по сетови 25-12, 25-14 и 25-20 во првиот натпревар од 1/16 финалето.
Нашиот тим иако даде се од себе немаше сила да стигне барем до сет против еден од најдобрите италијански тимови, а најголем отпор пружи во последниот трет сет во кој успеа да освои 20 поени.
Реваншот кој ќе се игра во Италија ќе се игра на Бадник (6. јануари) следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

