ОК Вардар: Неисполнети ветувања од ОФМ, нема отчет кон клубовите кои ги избрале

Раководството на ОК Вардар реагира на неисполнетото ветување на челниците на Одбојкарската Федерација на Македонија, кои не го испочитуваа најавеното на последното Собрание на ОФМ, во рок од 30 дена да изготви нов финансиски извештај и нов предлог-статут, по што ќе треба на овие теми да се дискутира на ново собрание на федерацијата.

Со официјален допис, кој покрај до медиумите е испратен и до Агенцијата за Млади и Спорт, „вардарци“ јавно бараат од највисокото раководство на ОФМ одговор на прашањето дали и кога ќе биде исполнето ветувањето од Собранието во Штип, на кое не беше прифатен ниту финансискиот извештај за работењето на „куќата на одбојката“, ниту пак предлогот за нов Статут на ОФМ.

Соопштението на ОК Вардар го пренесуваме во целост:

Се вчитува...