Милан ја прекина серијата од два меча без триумф во Серија А откако „росонерите“ вечрва по голема битка славеа среде Рим против Лацио со 0-1. Дуелот мина во израмнета игра, а на крајот пресуди погодокот на Окафор во 88. минута откако младиот напаѓач се покажа како „џокер“ на Стефано Пиоли на овој драматичен натпревар.
„Лацијалите“ ги загубија нервите, па во второто полувреме добија дури три црвени картони. Прв патот кон соблекувалната му беше покажан на Пелегрини, кој стартуваше за прекин на играта бидејќи еден играч на Лацио лежеше на тревата, но судијата не покажа милост и му го додели вториот жолт картон. Страстите зовреа по голот на Окафор, па римјамите во судиското продолжение добија уште два црвени картона, за Марушиќ и за Гендузи.
Окафор влезе во игра во 71. минута на местото на Адли, а овој фудбалер одлично се снајде во 88. минута, кога го најде патот до мрежата на Проведел.
Милан со овој триумф се зацврсти на третото место, додека „лацијалите“ останаа на осмата позиција со минимални шанси во борбата за место кое води во Лигата на Шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА