Оклахома е првиот финалист во НБА лигата! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Оклахома Сити ја победија Минесота со 124-94 во петтиот натпревар од плејоф-серијата на Западната конференција во НБА лигата и со вкупен резултат од 4-1 се пласираа во големото финале и битката за прстенот. Ова е нивно прво НБА финале од 2012 година, а во него ќе играат против победникот од Источното финале во кое Индијана Пејсерс имаат предност од 3-1 над Њујорк Никс.

Освен почетната предност на Минесота, сè во овој натпревар беше во корист на Оклахома, кои имаа предност од 26-9 по првата четвртина, а во еден момент од дуелот и +39 поени пред противникот.

Шеј Гилџус-Александар, МВП на регуларната сезона, повторно беше најдоброто име кај Оклахома. Во победата, тој запиша 34 поени, дополнети со седум скока и осум асистенции. Најголема помош имаше од Чет Холмгрен (22 поени, седум скока, три блокади) и Џејлен Вилијамс (19 поени, осум скока, пет асистенции).

Џулиус Рендл постигна 24 поени, а Ентони Едвардс имаше 19 поени за Тимбервулвс, кои шутираа со 41,2% од поле и имаа 21 изгубена топка.

Се вчитува...