Оклахома го понижи Феникс, Сан Антонио ги елиминираше Лејкерс во НБА Купот (ВИДЕО)

Екипите на Оклахома Сити Тандер и на Сан Антонио Спарс, се пласираа во полуфиналето на НБА Купот, откако ги совлада Феникс и ЛА Лејкерс во полуфиналето на Западот. Оклахома на крајот славеше убедливо со 138-89, додека Сан Антонио беше подобар од Дончиќ и другарите со 132-119.

Оклахома продолжува да гази се пред себе. Во НБА Лигата имаат само еден пораз во 25 натпревари, со тоа израмнувајќи го рекордот на Голден Стејт Вориорс од сезоната 2015/16, кои исто така ја почнаа сезоната со 24-1.

Феникс дојде на ова гостување ослабен, без Букер и Вилијамс, а Тандерс брутално ги казнија. Во еден миг водеа со неверојатни 55 поени разлика!

Шеј Гилџус александар беше најефикасен со 28 поени, Холмгрен имаше 24. Кај Феникс, Брукс постигна 16 поени.

Противник во финалето на западот во НБА Купот на Оклахома ќе им биде Сан Антонио Спарс. Спарси благодарение на одличната игра во првите три четвртини, дојдоа до победата и направија мало изненадување, со оглед дека Лејкерси важеа за благи фаворити. И покрај тоа што беше најефикасен со 35 поени, Лука Дончиќ ја немаше поддршката од останатите играчи. Леброн Џејмс постигна 19, со 15 скока и осум асистенции. Одлична партија кај Сан Антонио имаше Кастл кој постигна 30 поени и запиша 10 скока.

Лејкерси одлично го почнаа мечот, но на крајот на првиот период Сан Антонио ја презеде иницијативата, и водството го држеше до самиот крај. Во еден ми во четвртиот период изнесуваше и +24 поени, со што Лејкерси само успеаја да ублажат.

Се вчитува...