Оклахома Сити делува незапирливо

Оклахома Сити продолжи со импресивните изданија од крајот на ланската година откако оваа екипа славеше на домашен терен над Минесота со 113-105, за 12. победа во низа во НБА-лигат.а

Ова е најдолгата победничка серија во клупската историја откако овој тим се пресели во Оклахома Сити, а најзаслужен за неа е Гилџус Александер, кој постигна 40 поени против Минесота. Хертенштајн имаше дабл-дабл од 15 поени и 10 скокови, додека најефикасен во поразениот тим беше Едвардс со 19 поени.

Најубедливата победа во новогодишната ноќ ја забележа Сан Антонио, декласирајќи го тимот на ЛА Клиперс со 36 поени разлика (122-86). Очекувано, во главна улога беше Вембињама со 27 поени, 9 скокови и 5 асистенции.

ЛА Лејкерс загуби на домашен терен од Кливленд со 110-122, со што Кливленд кавалирс останува тим со убедливо најдобар скор од стартот на сезонава (29-4). Остин Ривс имаше 35 поени и 10 асистенции, Дејвис забележа дабл-дабл од 28 поени и 13 скокови, но и тоа не беше доволно за ЛА Лејкерс да избегне пораз. Најзабележителни кај Кливленд беа Ален со 27 поени и 14 скокови и Донован Мичел со 26 постигнати поени.

Резултати НБА:

Сан Антонио – ЛА Клиперс 122-86, Оклахома Сити – Минесота 113-105, ЛА Лејкерс – Кливленд 110-122, Феникс – Мемфис 112-117.

Се вчитува...