Кошаркарите на Оклахома се извлекоа од кризата и тоа на најдобар можен начин на најтешкото гостување славејќи против Голден стејт со 105-125.
Гостите од самиот почеток најавија дека ќе биде тоа нивна вечер, успевајќи да се одлепат на 12 поени. Во континуитет играјќи добро во третиот период веќе Оклахома стигна и до +20 поени, па беше јасно дека нема враќање назад за „воините“.
До победата предводеше Пол Џорџ со 38 поени, додека Расел Вестбрук имаше 24 поени со 9 скока и 9 асистенции. Кај домашните подобри од останатите беа Кевин Дурант со 33 поени и Стеф Кари со 21 поен.
Хјустон славеше на гостувањето против Бруклин со 123-113, во мечот во кој одлична партија пружија Џејмс Харден и Крис Пол.
Харден мечот го заврши со 36 поени, додека Крис Пол постигна 25 поени дополнети и со 7 скока и 5 асистенции. Кај домашните ДеМаре Керол постигна 21 поен.
Кошаркарите на Кливленд доживеаја нов пораз во НБА лигата, а овој пат подобар од нив беше Орландо кој славеше на домашен терен со 116-98. Кливленд е во серија катастрофални резултати, со трет пораз во последните четири меча, а дури десетти во последните 15 натпревари.
Синоќешниот меч го почнаа на најдобар можен начин откако во првиот период постигнаа 43 поени. Но, се потоа беше очај, па до крајот на натпреварот во три четвртини постигнаа вкупно 55 поени.
Домашните до триумфот ги водеше одличниот Џонатан Симонс со 34 поени, додека Еван Фурние дополни со 19 поени. Кај Кливленд најефикасен беше Џејмс Леброн со 25 поени, дополнети и со 10 скока и 5 асистенции.
Од останатите синоќешни натпревари за издвојување е победата на Атланта против Мемфис од 108-82, триумфот на Милвоки против Њујорк од 103-89 како и победата на Торонто против Бостон од 111-91.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА