Извонредна кошаркарска претстава приредија синоќа Филаделфија и Оклахома во НБА лигата. На крајот по неверојатен меч до триумф стигнаа Вестбрук и друштвото со 117-119.
На мечот се играа дури три продолженија. Но, Оклахома беше нешто подобра па успеа да запише победа на ова незгодно гостување. Расел Вестбрук запиша „трип-дабл“ од 27 поени, 18 скока и 15 асистенции, а одлична партија одиграа и Пол Џорџ и Кармело Ентони. На спротивната страна назадржлив беше Џоел Ембид со 34 поени.
Во „Тојота центарот“, Хјустон победи против Сан Антонио со високи 124-109. Спарси не покажаа многу на овој натпревар во кој на паркетот им се врати најдобриот кошаркар, Каваи Леонард.
Крис Пол беше одличен како и Џејмс Харден постигнувајќи по 28 поени, а за гостите најефикасен беше ЛаМаркус Олдриџ.
По десеттина дена пауза на паркетот се врати најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ кој за 22 минути на паркетот со 13 поени и 11 скока учествуваше во триумфот на Денвер против Њу Орлеанс од 117-111, по продолжение.
Сепак, херој на вечерта беше Вил Бартон, кој 8 од своите 19 поени ги запиша во продолжението, со уште и 6 асистенции и четири скока, додека најефикасен беше Гери Херис со 21 поен.
Во останатите мечеви Мемфис славеше против Атланта со 96-94, Милвоки загуби од Чикаго со 109-115, Мајами победи на гостувањето против Шарлот со 98-104 а Вашингтон беше подобар од ЛА Клиперс со 100-91. Јута славеше на гостувањето против Бостон со 95-107, додека Торонто убедливо со 120-87 на свој паркет го победи Бруклин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА