ЕКИПА во Прага
Горан Бошев
Околу 1.000 навивачи кои ќе ја бодрат Македонија, ќе се најдат на стадионот „Епет Арена“ во Прага, да дадат поддршка на нашата репрезентација во мечот со Украина. Сите билети наменети за македонските фанови се продадени, односно беа пуштени во продажба 988.
Иселеници од Чешка, но и од околните земји Германија, Австрија, Полска, ќе пристигнат или веќе пристигнаа во Прага каде што ќе дадат поддршка на нашата селекција.
Стадионот „Епет Арена“ е со капацитет од 18.349 места, но согласно барањата на УЕФА и прописите, ќе биде исполнет само со 50% од неговиот капацитет, односно ќе има околу 9.000 гледачи на трибините на стадионот на Спарта Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

