Околу 1000 навивачи ќе ја бодрат Македонија во Копенхаген

Македонската репрезентација на 26. март го игра бараж натпреварот против Данска за пласман на Светското првенство. Данците ќе ја нагостат репрезентацијата на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, а потоа победникот игра со победникот од мечот Чешка – Ирска за учество на Мундијалот.

И покрај тоа што Данска во голема мера ќе ја има поддршката на мечот на „Паркен“, сепак, и Македонија ќе има навивачи. Според информациите од ФФМ, остануваат во „оптек“ уште само 90 билети, со што се очекува гостинската трибина да биде исполнета, односно Македонија во Копенхаген да ја бодрат околу 1000 навивачи.

Стадионот Паркен е со капацитет од 38.190 места, а 3% од капацитетот или околу 1100 билети припаѓаат на гостинската репрезентација.

Се вчитува...