Фудбалската асоцијација на Велс, на својата веб страница објави информации околу билетите за квалификацискиот натпревар против Македонија во Скопје. Околу 2000 билети ќе бидат резервирани за гостинските фанови, кои ќе бидат сместени на источната трибина.
Поголемиот дел од билетите ќе бидат на главниот гостински крај (блок 10 и 11). Билетите ќе се продаваат во фази, соопшти федерацијата.
Натпреварот со Велс се игра на 25 март во 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

