Францускиот возач Естебан Окон и Алпин се договориле да ја прекинат соработката на крајот од оваа сезона, соопшти Формула 1 тимот.
Окон ја освои својата прва победа во Унгарија во 2021 година. Овој 27-годишен француски возач потоа се најде на подиумот уште два пати.
„Алпин му благодари на Окон за неговата посветеност на тимот во изминатите пет години. Во овој период доживеавме фантастични моменти заедно, од кои најдобар беше Гран при на Унгарија во 2021 година и незаборавната победа“, рече директорот на тимот Бруно Фамин.
Окон изјави дека наскоро ќе ги соопшти плановите за продолжување на кариерата, но истакна и дека е целосно фокусиран на продолжението од актуелната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА