Оксфорд по 2017 година успеа да слави против Кембриџ

Веслачкиот осмерец на Оксфорд го совлада Кембриџ во 167. издание на трката на овие два универзитета, која се одржа на традиционалната патека на Темза во Лондон во должина од 6.8 километри.

Ова беше прва победа за Оксфорд од 2017 година со што е прекината низата од три победи на противникот, па сега вкупниот однос во меѓусебните трки е 85-81 во корист на Кембриџ, а една трка заврши нерешено.

За победничкиот тим веслаа пет олимпијци, Швајцарците Барнаби Деларз и Роман Русли, Американецот Лијам Кориген и Британците Енгус Грум и Чарлс Елвис.

 

Се вчитува...