Англискиот репрезентативец Алекс Окслејд Чембрлен се врати на фудбалскиот терен по пауза од речиси една година, но и веднаш заработи нова повреда. Фудбалероот за врска на Ливерпул настапи за младинскиот тим до 23 години против Дерби Каунти, но во 41.минута мораше принудно да ја напушти играта.
Чембрлен, кој имаше операција на лигаментите на коленото, што го оддалечи долг период од фудбалот, сега има мускулна повреда. Од „Енфилд Роуд“ сепак веруваат дека не се работи за сериозна повреда и дека Алекс Окслејд Чемберлен многу брзо повторно ќе биде на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА