Окслејд – Чемберлен се врати по една година пауза: Повторно сум жив

Ливерпул го совлада Хадерсфилд со убедливи 5-0 на „Енфилд Роуд“, а во финишот на мечот фановите со громогласен аплауз го поздравија на терените на Алекс Окслејд – Чемберлен. Англискиот репрезентативец по една година и два дена се врати во тимот на Ливерпул, оставајќи ја зад себе тешката повреда која го оддалечи од фудбалот долг период.

„Ова е прекрасно чувство, повторно сум жив“, изјави Окслејд – Чемберлен по натпреварот.

Тој се повреди на 24 април 2018 година, на мечот против Рома во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Се вчитува...