Алекс Окслејд-Чембрлен уште долго ќе настапува за Ливерпул откако англискиот репрезентативец денеска потпиша нов долгогодишен договор со актуелниот европски првак. Тој по цела година пауза поради тешката повреда на коленото сезонава се враќа на терените, одигра 90 минути во минатото коло против Саутемптон и јасно стави до знаење дека се враќа во старата форма.
„Кога слушнав дека Окс потпишал нов договор се чувствував како и сите навивачи на Ливерпул – бев воодушевен. Тој е фантастичен играч, но и прекрасна личност, некој кој од првиот ден се посвети на нашиот проект. Затоа, без оглед на долгата пауза нема сомнеж дека овој нов договор е добра опција и за Ливерпул и за Окслејд Чембрлен“ – изјави Јирген Клоп.
Англискиот репрезентативец е член на Ливерпул од 2017 година, кога пристигна на „Енфилд“ од редовите на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА