Октоподот Ливаковиќ ја пласираше Хрватска во 1/4 финалето на Светското првенство во Катар

Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар откако по изведувањето на пенали славеше против Јапонија со 2-1. По регуларниот дел на мечот резултатот гласеше 1-1 благодарение на головите на Маеда и Перишиќ, а откако мрежите мируваа и во дополнителни 30. минути на сцена стапи Доминик Ливаковиќ.

Хрватскиот голман во пенал рулетот ги одбрани обидите на Минамино, Митома и Јошуда, а за Хрватска реализираа Влашиќ, Брозвоиќ и Пашалиќ па „коцкесите“ заслужено славеа пласман меѓу најдобрите осум репрезентации на светот.

Се вчитува...