Октоподот Митревски го запре Алкалоид (видео)

Е. Пелистер одигра фантастичен натпревар во 19. коло од Супер-лигата совладивајќи го ривалот Алкалоид во „Боро Чурлевски“ со 33-20 во натпревар кој го одбележа и искусниот голман Никола Митревски.

Долгогодишниот репрезентативен голман имаше 12 интервенции на средбата. Браниеше пенали, но фаќаше и „живи топки“, нешто што ретко се гледа во модерниот ракомет. Интересно, Митревски немаше само една, туку три вакви одбрани за само две минути.

Се вчитува...