Никола Митревски вообичаено има резервирано место во Топ-листите со најубави голмански интервенции во Лигата на Шампионите, а Македонецот продолжи во ист стил и во квалификациите за ЕП, бранејќи ги боите на националниот тим.
Митревски со бравурозната одбрана во првото полувреме од мечот со Португалија го освои четвртото место на ова рангирање, со интервенцијата по која Костески лесно реализираше од контранапад во мрежата на противникот.
Првопласиран на оваа ранг-листа е Грузиецот Зураб Цинцадзе, а во топ-5 интервенциите имаше место и за црногорскиот голман Симиќ, како и за одличниот српски чувар на мрежата, Дејан Милосављев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА