Задар на македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ го забележа 15 триумф во хрватското првенство откако во 16. коло славеше на гостувањето кај Забок со убедливи 58-79 благодарение на фуризната трета четвртина која задарскиот тим ја доби со неверојатни 22-0.
Македонецот одигра одличен натпревар на кој помина 33. минути во игра во кои беше трет лидер на својот тим со 12 постигнати поени при скромна реализација 5/15 од поле проследена со девет скокови, шест асистенции и пет украдени топки.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА