„Ол-ароунд“ натпревевар на Димитријевиќ во новата победа на Уникс Казањ

Уникс Казањ и Ненад Димитријевиќ стигнаа до предност од 2-0 во четвртфиналето од разигрувањето за титула во ВТБ лигата откако славеа на домашен терен против Парма Перн со 94-59 во натпревар во кој составот на Македонецот имаше контрола од првата до последната минута.

Македонскиот репрезентативец на денешната средба одигра 24. минути во кои забележа „ол-ароунд“ натпревар проследен со осум поени при реализација 3/4 за два, 0/1 за три и 1/2 за еден поен, девет асистенции, шест скока и две украдени топки.

Се вчитува...